Завршена е истрагата за дефектот на ракетата-носач Протон-М

Причина за дефектот на руската ракета Протон-М со комуникацискиот сателит „Експрес-АМ4Р“ е откажувањето на турбопумпата на сервомоторот во третиот степен, изјави раководителот на Роскосмос, Олег Остапенко.

Според неговите зборови, истрагата за инцидентот е завршена, а комисијата ја предала документацијата на владата.

Во ноќта меѓу 15 и 16 мај на ракетата-носач, која беше лансирана од Бајконур, откажа сервомоторот, после што, како што се претпоставува, таа паднала на Алтај или во Тихиоѕ океан. Според втората верзија, постои можност ракетата да изгорела во густите слоеви на атмосферата.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња