Украина настојува да се измени договорот со Русија за цената за гасот, изјави премиерот на Украина, Арсениј Јацењук за време на состанокот на украинската влада, пренесува РИА „Новости“.
„Русија ни предложи попуст од 100 долари за илјада кубни метри гас“, забележа премиерот. Претходно „Гаспром“ предложи попуст за рускиот гас за Украина преку намалување на давачките за извоз од Русија.
Премиерот изјави дека Украина е подготвена да ги исплати долговите за гас, но само по цена од 268 долари за илјада кубни метри гас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче