Проширените санкции на ЕУ кон Русија би можеле негативно да влијаат на руската и европската економија, нагласено е во извештајот на Светската банка.
„Зголемувањето на тензиите би можело да доведе до нови и посилни санкции, како и евентуален прекин на трговските и банкарските текови. Земајќи ги предвид тесните економски врски меѓу ЕУ и Русија, таквата ситуација би можела да има разорни последици за двете страни“, нагласено е во документот.
Претходно заменикот советник на претседателот на САД за национална безбедност, Бен Родс, призна дека санкциите од Г-7 земјите ја погодиле самата „седумка“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче