Претседателот на Русија, Владимир Путин, смета дека е недопустливо да се ограничуваат основните права и слободи на човекот под изговор дека институциите се борат со негативните појави на Интернет.
Како што пренесува кореспондент на „Газета.ру“, оваа изјава Путин ја дал на форумот „Интернет-претприемништвото во Русија“.
„Со таков изговор не треба да се воведуваат никакви ограничувања поврзани со слободите на човекот и граѓанинот, не треба да се воведуваат забрани кои противречат на интересите на слободниот пазар“, подвлече рускиот лидер.
Во исто време, Путин уточни дека интернет-сферата треба да се регулира со помош на правото, бидејќи тоа треба да послужи како регулатор на општествените односи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче