Интернет-претприемништвото во Русија стана профитабилно занимање, и неговиот удел сега изнесува 8,5% од БДП. Ова го изјави Владимир Путин на форумот „Интернет-претприемништвото во Русија“.
Путин изјави дека рускиот Интернет годинава одбележа 20 години постоење. „За ова време средствата вложувани во Интернет започнаа да ги даваат првите профити“, изјави Путин.
Претседателот на РФ, исто така, забележа дека руската држава треба да ги поддржи сите кои умеат и сакаат да работат на Интернет, и напомна дека пред една година во Русија беше создаден фонд за поддршка на стартап-проектите на Интернет.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче