Претседателот на Србија: Незамисливо е Србија да воведе санкции против Русија

Србија планира да ја следи заедничката европска политика, но нема да воведува санкции против Русија, изјави претседателот на земјата, Томислав Николиќ во интервју за државната телевизија РТС.

Србија планира да ја следи заедничката европска политика, но нема да воведува санкции против Русија, изјави претседателот на земјата, Томислав Николиќ во интервју за државната телевизија РТС.

Како што пренесува агенцијата Блумберг, претседателот изјави дека е незамисливо Србија да воведува санкции против Русија, без разлика на тоа што земјата е кандидат за член на ЕУ. На преговорите во Берлин меѓу премиерот на Србија, Александар Вучиќ со канцеларката Ангела Меркел, кои треба да се одржат на 11 јуни, ќе стане јасно што Германија очекува од Србија и кои се нејзините перспективи за влез во ЕУ после 2019 година, изјави Николиќ.

Шефот на српската влада во понеделник демантираше дека Србија одлучила да ја суспендира работата врз изградбата на Јужен тек, како што тоа го направила Бугарија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.