Лавров: Русија не е против асоцијацијата на Украина во ЕУ

Москва нема ништо против потпишувањето на договорот за асоцијација на Украина во ЕУ, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, пренесува РИА „Новости“.

Москва нема ништо против потпишувањето на договорот за асоцијација на Украина во ЕУ, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, пренесува РИА „Новости“.

„Немаме никакви противења околу тој процес. Ние не можеме никому да му забраниме да соработува со меѓународните структури во сферата на економската соработка“, изјави рускиот министер на конференцијата за печатот.

Русија не планира да воведува санкции против Киев ако тој го потпише договорот за асоцијација со ЕУ, додаде Лавров. „Украинците сами треба да решат. На нив останува изборот дали ќе го потпишуваат договорот за слободна трговија со ЕУ или не. Ако преземат такво решение, ќе се појават последици за обврските кои Украина веќе одамна ги презеде во рамките на договорот за слободна трговија со ЗНД“, изјави Лавров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња