Виталиј Чуркин: Сигурен сум дека американските разузнавачки служби ги прислушуваат моите телефони

Виталиј Чуркин е сигурен дека американските разузнавачки служби ги прислушуваат неговите телефони и службениот кабинет. Постојаниот претставник на РФ во ООН изјави дека прислушувањето „на него воопшто не влијае“.

Виталиј Чуркин е сигурен дека американските разузнавачки служби ги прислушуваат неговите телефони и службениот кабинет. Постојаниот претставник на РФ во ООН изјави дека прислушувањето „на него воопшто не влијае“.

Своите сомнежи дипломатот ги пренесува во интервју за рускиот Прв канал:

„Сигурен сум дека ме прислушуваат. Ја поминавме Студената војна, и затоа тоа апсолутно не влијае на мене“, изјави дипломатот.

„На пример, сосема сум сигурен дека го прислушуваат мојот мобилен телефон. Секако, постојат тајни простории во кои можам со колегите да разгледувам чувствителни прашања. Но дури и да не прислушуваат таму, тргнува од тоа дека прислушуваат“, изјави Чуркин.

Претходно германските новинари открија активност на НСА во Германија, извршена есента минатата година. Според текстовите објавени во германскиот Шпигел, американските разузнавачки служби прислушувале телефони и пресретнувале комуникација на водечките политичари во Германија, вклучувајќи ја и Ангела Меркел. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња