Русија потпиша договор за подготовка на изградбата на првата нуклеарна централа во Бангладеш

Русија и Бангладеш потпишаа договор за подготовка за изградбата на првата нуклеарна централа во Бангладеш, соопштува РИА „Новости“.

Русија и Бангладеш потпишаа договор за подготовка за изградбата на првата нуклеарна централа во Бангладеш, соопштува РИА „Новости“.

Ова го изјави за новинарите шефот на „Росатом“, Сергеј Кириенко. „Да, договорот беше потпишан на крајот на минатата недела“, забележа тој.

Вредноста на изградбата се проценува на 300 милиони долари.

Како што пренесува „Росатом“, Русија и Бангладеш во 2011 година потпишаа меѓувладин договор за соработка и изградба на нуклеарната централа  „Рупур“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња