Корпорацијата „МиГ“ работи на проект на создавање лесен авион-ловец од петтата генерација, јавуваат руските медиуми. Новиот авион е наменет за извршување задачи во услови на конфликти налик на „Арапската пролет“.
Како основна платформа за реализација на оваа програма е избран ловецот МиГ-35, во кој ќе бидат интегрирани перспективните технологии.
Како што изјави генералниот директор на „МиГ“, Сергеј Коротков, експертите во корпорацијата веќе работат на концепцијата на новиот авион.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.