Бројот на емигранти во Русија се зголеми за четири пати во последниве 10 години, изјави заменикот министер за труд и социјална заштита на Русија, Љубов Елцова.
„Прашањата за миграциската политика денес стануваат посебно актуелни поради неколку причини. Првата - демографската ситуација, стареењето на населението и намалувањето на уделот на работоспособните граѓани. Втората - економскиот раст и модернизацијата на економијата. Развојот на економијата и зголемувањето на животниот стандард на населението во последниве 10 години доведоа до зголемување на бројот на емигрантите во Русија за 4 пати - од 119.000 лица во 2004 година, до 482.000 лица во 2013 година“, изјави Елцова.
Притоа, Елцова подвлече дека бројот на странски работници во економијата на Русија изнесува нешто повеќе од 2%. Сепак, треба да се земе предвид дека голем број емигранти работат нелегално.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.