Затегнатата меѓународна состојба не влијае на контактите на Русија во областа на образованието, туку обратно - допринесе за пораст на интересирањето за рускиот јазик и култура, изјави заменикот министер за образование на Русија, Бенјамин Каганов, пренесува агенцијата РИА „Новости“.
„Мислам дека сегашната ситуација не влијае лошо на нашиот јазик. Напротив, сѐ поголем е интересот за нашата земја и култура. Соодветно, мораме на сите да им пружиме можност подобро да ја запознаат Русија, рускиот јазик и култура“, изјави заменикот министер.
Според зборовите на Каганов, сите активности поврзани со соработката меѓу Русија и другите земји во областа на образованието се одвиваат според досега утврдените планови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче