Москва бара да се наведат причините за притворање на соработниците на телевизијата „Ѕвезда“

Руската амбасада во Украина побара да се наведат причините за притворање, како и да се ослободат соработниците на каналот „Ѕвезда“, соопшти портпаролот на амбасадата Олег Гришин.

Руската амбасада во Украина побара да се наведат причините за притворање, како и да се ослободат соработниците на каналот „Ѕвезда“, соопшти портпаролот на амбасадата Олег Гришин.

Тој, исто така, нагласи дека „на рускиот Генерален конзулат во Харков му е наложено прашањето да го држи под постојана оперативна контрола“.

Претходно вицепремиерот на Русија, Дмитриј Рогозин, изјави дека има причини да се смета дека наскоро ќе бидат пуштени на слобода операторот Андреј Сушенков и тонскиот мајстор Антон Малишев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња