Мекејн: во „Јужен тек“ е потребно помалку руско учество

Сенаторот-републиканец, Џон Мекејн, за време на средбата со премиерот на Бугарија, Пламен Орешарски, изјави дека во проектот „Јужен тек“ треба да има што помало учество на Русија.

Сенаторот-републиканец, Џон Мекејн, за време на средбата со премиерот на Бугарија, Пламен Орешарски, изјави дека во проектот „Јужен тек“ треба да има што помало учество на Русија.

„Проблемите со 'Јужен тек' Бугарија треба да ги реши во соработка со европските колеги. Ние ја разбираме настанатата ситуација и би сакале во 'Јужен тек' да има што е можно помало учество од страна на Русија“, ги пренесува ИТАР-ТАСС зборовите на Мекејн.

После завршувањето на средбата Орешарски изјави дека прекинува работата врз проектот „Јужен тек“, сѐ додека не се добијат сигнали од Европската комисија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња