Рогозин ја поддржа идејата за преименување на Волгоград во Сталинград

Вицепремиерот на владата на Русија, Дмитриј Рогозин, ја поддржа идејата за преименување на Волгоград во Сталинград.

Вицепремиерот на владата на Русија, Дмитриј Рогозин, ја поддржа идејата за преименување на Волгоград во Сталинград.

„Отсекогаш знаев дека е потребно да се врати старото име на градот. Не поради Сталин, туку поради жителите градот“, напиша Рогозин на својот Твитер.

На 6-ти јуни, за време на средбата со советските ветерани во Нормандија, претседателот на Русија, Владимир Путин, не исклучи дека Волгоград може да биде преименуван во Сталинград, но забележа дека за да се направи тоа, треба да биде земена предвид волјата на населението. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња