Премиерот на Бугарија, Пламен Орешарски, изјави дека прекинува работата врз проектот „Јужен тек“, сѐ додека не се добие порака и упатство од Европската комисија.
„Добивме барање од страна на Европската комисија, после што ја прекинавме работата врз проектот. Дополнителните чекори ќе бидат определени после консултациите со Брисел“, ги пренесува ИТАР-ТАСС зборовите на премиерот.
Сево ова стана јасно на брифингот кој беше организиран на средбата со американските сенатори.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.