Владимир Путин и избраниот претседател на Украина, Порошенко се согласуваат дека треба што побргу да прекине крвопролевањето на истокот на Украина, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател.
Песков изјави дека Путин исто така разговарал со претседателот на Франција, Франсоа Оланд, како и со канцеларката на Германија, Ангела Меркел и претседателот на САД, Барак Обама.
Путин и Обама размениле мислења за ситуацијата во Украина и зборувале за важноста од прекинот на насилството и воените акции. Ова е прва средба меѓу претседателот на Русија и САД од почетокот на Кризата во Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче