Путин: Казнената операција на истокот на Украина мора итно да прекине

Само на тој начин може да се започне дијалог меѓу Киев и истокот на земјата.

 Казнената операција на истокот на Украина мора итно да престане, изјави Владимир Путин на конференцијата за печатот во Нормандија. Само на тој начин може да се започне дијалог меѓу Киев и истокот на земјата.

Рускиот претседател на барање на новинарите ја коментираше кратката средба со претседателот на Украина. Путин позитивно ја оцени подготвеноста на Порошенко за регулирање на ситуацијата во Украина.

„Преговорите во овој случај не треба да ги водат Русија и Украина, бидејќи Русија не учествува во конфликтот, туку во него учествуваат властите во Киев и приврзаниците за федерализација на земјата“, изјави рускиот претседател. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња