Франција нема да се откаже од продажбата на воените бродови на Русија

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, за време на разговорот со претседателот на САД изјави дека нема да се откаже од продажбата на носачите на хеликоптери кои се предвидени за Русија.

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, за време на разговорот со претседателот на САД изјави дека нема да се откаже од продажбата на носачите на хеликоптери кои се предвидени за Русија. Француските медиуми пренесуваат дека Оланд сака да се придржува за условите на договорот.

Оланд го потсети Обама дека договорот е склучен во 2011 година и дека Русија веќе платила поголем дел од средствата, а благодарејќи на тој договор, во Франција се појавиле многу нови работи места.

 Претходно раководството на САД ја критикуваше Франција дека не сака да се откаже од испораката на „Мистралите“ на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња