Франција ќе обучи повеќе од 400 руски воени лица да управуваат со носачите за хеликоптери „Мистрал“, пишува The Wall Street Journal.
Весникот пишува дека воените лица ќе дојдат во Франција на 22 јуни. Според изворите на весникот, подготовката ќе трае неколку месеци, а есента воените лица ќе можат да управуваат со еден од „Мистралите“.
Како што забележува весникот, САД и другите сојузници на Париз повеќепати го повикале претседателот на Франција да се откаже од договорот со Русија. Оланд изјави дека лидерите на Г-7 за време на средбата во Брисел не разговарале за „Мистралите“, и дека Франција ќе ги исполни своите обврски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче