Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека е лага соопштението на киевските власти дека во Ростовската област нема бегалци, пренесува РИА „Новости“.
Според зборовите на премиерот, „тоа е ситуација без преседан“. „Луѓето се исплашени, се плашат, а притоа, украинските власти не гледаат таму хуманитарни проблеми, изјавуваат дека нема бегалци, тоа е лага, тоа е тажно да се слуша“, изјави Медведев на заседанието на владата во четвртокот.
Премиерот, исто така, укажа дека „т.н. Г-7 продолжува да разговарал за 'умерените' дејства на украинската влада против сопствениот народ“.
„Цинизмот овде нема граници“, заклучи Медведев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче