Шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров, смета дека украинската криза е кулминација на антирускиот курс на западните држави, пренесува „Интерфакс“.
„Имено навиката да не се сметаат руските 'за свои' постои во Западна Европа веќе со векови“, напомна министерот за време на средбата на Рускиот совет за меѓународни работи.
Освен тоа, Лавров подвлече дека втората „студена војна“ со Западот не е можна, бидејќи Русија е проти примитивна конфронтација со САД и ЕУ.
Според зборовите на шефот на МНР на Русија, РФ нема желба да влегува во конфронтација само за да им се претстави на САД и ЕУ како долгобараниот непријател.
Министерот исто така забележа дека САД во интересите на своето лидерство се обидуваат да не допуштат зближување меѓу Русија и ЕУ. Според него, во последно време очигледно е „направен изборот во полза на 'исфрлањето' на Русија од ЕУ“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче