Податоците од социолошкото истражување, спроведено на барање на Светската служба на BBC, покажаа дека во последната година во светото значително е влошен односот кон Русија, пренесуваат руските медиуми.
За прв пат после девет години, негативниот однос кон Русија надминал 45%, додека 31% од анкетираните изјавиле дека имаат симпатии кон Русија.
Влошувањето на односите кон Русија е општ тренд забележан во 13 земи на сите континенти, наведуваат руските медиуми. Односот кон Русија е најлош во Европа и Северна Америка.
Позитивен однос кон Русија најчесто имаат испитаниците во азиските земји.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.