Киевските власти поднесоа тужба против Русија за приклучувањето на Крим до Европскиот суд за човекови права, објавено е на интернет-страницата на владата на Украина. Исто така, соопштено е дека е поднесена и тужба за гасот кој се наоѓа во кримските подземни складишта.
Украинската страна во април предаде во Европскиот суд за човекови права пакет документи во рамките на спорот меѓу Украина и Русија.
Крим стана дел од Русија во март годинава после референдумот кој се одржа во земјата, на кој 96% од граѓаните на полуостровот гласаа са приклучување кон Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче