На претстојните свечености на 6-ти јуни во Нормандија по повод 70-годишнината од мисијата, ќе биде одржана билатерална средба меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин и канцеларката на Германија, Ангела Меркел.
Претходно беше соопштено дека е усогласена билатералната средба меѓу Путин и премиерот на Британија, Дејвид Камерон.
Во Нормандија ќе дојде и новиот украински претседател, Петар Порошенко. Меѓутоа, рускиот лидер не планира средба со него, соопшти во понеделникот Дмитриј Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.