Претседателот на САД, Барак Обама, во вторникот се обрати до Русија и ја повика да влијае на вооружените противници на киевските власти, како и да ги убеди да не ја напаѓаат украинската армија.
На конференцијата за печатот во Варшава Обама изјави дека Русија треба да го искористи своето влијание „за да се запре реката терористи и оружје на истокот на Украина“.
Освен тоа, Обама изјави дека секогаш имал „добри односи со Владимир Путин“, и додаде дека САД во никој случај не сакаат да ѝ наштетат на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.