Претседателот на САД, Барак Обама, во вторникот го повика претседателот на Русија, Владимир Путин да се сретне со избраниот претседател на Украина, Петро Порошенко, како и да помогне во воспоставувањето дијалог меѓу страните во украинскиот конфликт.
Во текот на конференцијата за печатот во Варшава, Обама го прашаа што би му рекол на Путин во случај на средба.
„Путин има избор - да ја повлече војската од границата со Украина, да го искористи своето влијание врз сепаратистите, да се сретне со избраниот претседател на Украина и да помогне во воспоставувањето дијалог меѓу страните во украинскиот конфликт. Тоа е она што би му го кажал на Путин кога би се сретнал со него. Се надевам дека моите колеги Дејвид Камерон и Франсоа Оланд тоа ќе му го кажат за време на средбата во Франција“, одговори Обама на прашањето на новинарите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче