Гаспром очекува намалување на испораките на гас во 2014

Руската енергетска компанија Гаспром очекува намалување на испораките на гас во земјите од западна Европа во 2014 година за 2% - до 158,4 милијарди кубни метри гас, стои во документите на компанијата.

Вкупната испорака на гас минатата година изнесуваше 161,5 милијарди кубни метри гас со средна цена од 387 долари за 1.000 кубни метри гас. Буџетот на Гаспром за 2014 година планира намалување на средната цена на гасот во странство до 372 долари за 1.000 метри кубни.

Испораките на гас во ЗНД и Балтичките земји во тековната година ќе се намалат од 59,4 до 56,4 милијарди кубни метри. Средната цена за ЗНД и Балтикот минатата година изнесувала 272 долара за 1.000 метри кубни. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња