На космодромот Бајконур започна подготовката на вселенскиот брод „Сојуз ТМА-14М“ за лет кон Меѓународната вселенска станица со нов екипаж.
Лансирањето е планирано за 25 септември. Во МВС се планира да пристигнат тројца нови учесници на експедицијата. За летот се подготвуваат Русите Александар Самокутаев и Елена Серова, како и Американецот Бери Вилмор.
Серова ќе биде првата жена после подолга пауза, како и четврта жена во историјата на Русија која полетала во вселената. До неа во вселената беа Валентина Терешкова, Светлана Савицкаја и Елена Кондакова.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче