Реализацијата на проектот Јужен тек во земјите од ЕУ не треба да биде заложник на конфликтот меѓу Русија и Украина, изјави министерот за економија и енергетика на Бугарија, Драгомир Стојнев.
„Ние мораме да имаме гаранции за испораките на природниот гас. Тоа не е бугарски проект, туку европски. Ние сме во постојан дијалог со Европската комисија и нејзините претставници, кои на 13-ти јуни ќе пристигнат во Бугарија за да ги разгледаат и решат претстојните противречности околу морскиот дел на гасоводот“, изјави министерот.
Претходно ЕУ упати официјално писмо до бугарските власти и ги повика да ја прекинат реализацијата на проектот Јужен тек.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче