Реализацијата на 30-годишниот договор меѓу „Гаспром“ и кинеската CNPC може да го забрза растот на руската економија за 0,3% до 0,4% годишно, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на изјавата на шефот на Министерството за економија на Русија, Алексеј Уљукаев.
Според неговите зборови, зделката има макроекономско значење.
„Инвестициите на руската територија ќе изнесуваат околу 55 милијарди долари“, изјави министерот, забележувајќи дека овие инвестиции значително ќе влијаат на растот на економијата.
Министерот забележа дека инвестициите ќе започнат да се остваруваат уште во текот на оваа година.
„Гаспром“ и CNPC потпишаа на 21 мај договор за испорака на 38 милијарди кубни метри гас годишно во Кина во период од 30 години. Сумата на договорот изнесува 400 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче