Во Русија стапи на сила законот за забрана за пушење

Новите правила од „Законот против пушење“, предвидени за заштита на населението од димот од тутунот, стапија на сила на 1 јуни, соопшти информативната служба на МВР на Русија. Отсега забрането е пушењето во рестораните, кафе-баровите и на пероните, а цигарите ќе се продаваат само во продавниците.

Според податоците од Министерството за здравство, ограничувањата досега довеле до намалување на потрошувачката на тутун во Русија за 17%. Во 2013 со закон беше забрането пушење во влезовите на зградите, во државните институции, болниците, театрите, музеите, одморалиштата и спортските објекти.

Одредбите на законот етапно стапуваат на сила, а крајниот резултат треба да биде целосна забрана на рекламирањето тутун и производи од тутун. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња