Министерот за труд и социјална заштита на Русија, Максим Топилин, изјави дека во последниве неколку години во Русија се забележува нагорна тенденција во бројот на родени деца, пренесува ИТАР-ТАСС.
„Денес во Русија живеат повеќе од 28 милиони деца, и во последните години нивниот број се зголемува: ако во 2006 година беа родени 1,5 милиони деца, во 2012 и 2013 година се родени 1,9 милиони деца, што е рекорд откако започна реализацијата на демографската програма“, подвлече тој.
Според зборовите на Топилин, сумарниот коефициент на раѓања е зголемен за 30,5%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче