Русија во јуни ќе претседава со Советот за безбедност на ООН, што е предвидено според ротацијата на 15-те членки.
Во јуни приоритет на Советот за безбедност ќе биде ситуацијата на Блискиот Исток, африканските земји и Авганистан. Не е исклучено, според зборовите на постојаниот претставник на Русија во ООН, Виталиј Чуркин, таму да бидат предложени и други прашања.
„Руската делегација традиционално е ориентирана кон конструктивна соработка со останатите членки на Советот за безбедност и кон пронаоѓање компромисни решенија за сите прашања врз основа на почитување на загриженоста и приоритетот на сите страни, со цел да се создаде објективна, заедничка работна програма“, изјави Чуркин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче