Федералната вселенска агенција, заедно со Федералната агенција на научните организации, донесе мерки кои ја исклучуваат можноста за користење на GPS станиците (Global Positioning System) од САД на територијата на Русија за воени цели. Ова е објавено на интернет-страницата на Роскосмос.
„Според наредбата на владата, Роскосмос на 1 јуни 2014 година ги реализираше мерките со кои се исклучува користењето информации од станиците на глобалната сеизмографска мрежа кои работеа според сигналите на системот GPS и се распоредени на територијата на Руската Федерација“ се кажува во соопштението.
Претходно беше соопштено дека на 1 јуни во Русија може да прекине работата на 11 земни станици на глобалниот систем за позиционирање GPS.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче