Еврокомесарот за енергетика, Гинтер Етингер, забележа дека преговорите за изградба на гасоводот „Јужен тек“ ќе бидат продолжени кога Русија ќе ја признае новата влада во Киев. Ова тој го изјави во интервју за германскиот весник Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung.
„Во новонастанатата ситуација, кога во источна Украина имаме граѓанска војна, не можеме да дојдеме до политичко решение и преговори додека Москва не ја признае владата во Киев“, изјави Етингер.
Претходно шефот на „Гаспром“, Алексеј Милер, изјави дека реализацијата на проектот „Јужен тек“ не може да биде прекината од Европската комисија, додавајќи дека гасот по морски пат ќе пристигне во Бугарија во декември 2015 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче