Деца кои пеш ја преминаа украинско-руската граница пристигнаа на Крим

На Крим преку Ростовската Област и Краснодарскиот Крај пристигнаа околу 40 бегалци од Славјанск, меѓу нив и 20 деца кои биле принудени пеш да ја преминат украинско-руската граница.

На Крим преку Ростовската Област и Краснодарскиот Крај пристигнаа околу 40 бегалци од Славјанск, меѓу нив и 20 деца кои биле принудени пеш да ја преминат украинско-руската граница.

Според зборовите на претставници од Ростовската Област, бегалците се сместени во пансионот „Донецки“, а потоа се обезбедени производи за нив и два автобуса со кои децата се префрлени во Евпаторија.

Претходно ополномоштеникот за правата на децата при претседателот на Русија, Павел Астахов, соопшти дека Киев го забрани излегувањето на возила со деца од Украина, така што украинските граничари ги извадиле децата од автобусот и ги пратиле пеш да ја преминат границата. Според информациите кои ги изнесе Астахов, во групата од 38 бегалци имало 21 дете  од 7 до 13 години, како и жена со двомесечно бебе. На руската страна нив ги пречекале претставници од ростовските власти. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња