Су-27 ќе се произведуваат во Кина?

Раководството на компанијата „Сухој“ ја разгледува можноста за префрлање на производството од Комсомолск на Амур во Кина, изјави Александар Левинтал, прв заменик на претседателот на владата на Хабаровскиот крај за економски прашања.

„Потребно е зголемено производство на авионите 'Сухој' за 15-20% годишно, а работна сила за тоа немаме“, објасни чиновникот.

Фабриката за авиони „Гагарин“ во Комсомолск на Амур е филијала на компанијата „Сухој“, која се занимава со производство на авионите-ловци Су-27. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња