Во Сибир поплавени се повеќе од 4.000 куќи, а повеќе од 7.600 лица се евакуирани после поплавите во тој регион.
Силните врнежи во Сибир не прекинуваат од 29 мај. Нивото на водите во реките за 50 см ја надмина критичната точка.
Некои населени места останаа без струја, а има и разрушени мостови.
Во борбата со стихијата во Сибир учествуваат повеќе од 2.000 спасувачи на Министерството за вонредни состојби на Русија, како и припадници на војската. На теренот се наоѓаат повеќе од 630 единици техника, вклучувајќи и 9 авиони и хеликоптери на Министерството за вонредни состојби.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче