Руските воздушно-вселенски единици во следните 6 месеци ќе изведат 15 големи воени вежби и ќе лансираат вселенски интерконтинентални балистички ракети, соопштено е во прес-службата на министерството за одбрана на Русија.
Претходно, исто така, соопштено беше дека ВВО единиците во 2014 година на космодромот Плесецк ќе започнат со тестирање на новиот вселенски ракетен комплекс „Ангара“ со лансирање на ракетата-носач „Ангара“ од лесна и тешка класа. Освен тоа, во јуни се планира лансирање на ракетата-носач „Сојуз-2.16“ со вселенскиот апарат „Глонасс-М“, како и лансирање на вселенските апарати за комуникација „Гонец-М“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче