Министерството за образование на Сирија одлучи рускиот јазик да биде задолжителен предмет во средните училишта во земјата, изјави Сергеј Степашин, шеф на руското здружение за меѓународна соработка.
Сирија отсекогаш била не само сојузник на Русија, туку и наш вистински заштитник на Блискиот исток, изјави тој.
Претходно се размислувало на сириските ученици да им се даде уште во седмо одделение да избираат меѓу францускиот и рускиот јазик. Од прво одделение во сириските училишта се изучува англискиот јазик.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.