Русија е подготвена да му помогне на Киргистан да се зачлени во Евроазиската економска унија, изјави претседателот Владимир Путин за време на преговорите со својот киргистански колега, Алмазбек Атамбаев.
Претседателот на Киргистан му се заблагодари на Путин за поддршката. „Да не ни пружевте рака во тешките моменти, ќе ни беше уште потешко“, изјави Атамбаев. Тој додаде дека одлуката е донесена „уверено, благодарејќи на пријателските односи“.
Претседателите на Русија, Белорусија и Казахстан во четвртокот во Астана потпишаа договор за создавање на Евроазиска економска унија од 1 јануари 2015.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче