Кремљ вети дека ќе испорача хуманитарна помош на ДНР

Русија ќе испрати хуманитарна помош на жителите од источните области на Украина, изјави портпаролот на Путин, Дмтриј Песков.

Русија ќе испрати хуманитарна помош на жителите од источните области на Украина, изјави портпаролот на Путин, Дмтриј Песков.

„Хуманитарната помош ќе биде пратена, а за воена помош ништо не можам да кажам. Таа информација треба да ја побарате кај воените структури, а што се однесува до хуманитарната, секако дека ќе пратиме“, пренесува РИА „Новости“.

Претходно шефот на самопрогласената Донецка народна република побара од Москва да ја прими републиката во составот на Русија, како и да испрати хуманитарна помош.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња