Договорот за изградба на гасоводот „Јужен тек“ во Србија ќе биде потпишан во следните три недели, изјави заменикот директор на секторот за меѓународни проекти на „Гаспром“, Александар Сиромјатин.
Сиромјатин на новинарите им изјави дека во Стопанската комора на Србија за две недели треба да биде потпишан договорот за заем од „Гаспром“ за финансирање на тој проект.
Тој наведе дека во следните неколку недели треба да биде одреден победникот во тендерот за изведувач на работите, а најрано за три седмици да биде постигнат договор за него.
„Очекуваме веќе во јули да започне изградбата“, изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче