Србија ѝ се заблагодари на Русија за помошта за поплавите

Првиот вицепремиер на Србија, Ивица Дачиќ, за време на средбата со заменикот министер за надворешни работи на Русија, Генадиј Гатилов, ѝ се заблагодари на Русија за помошта во ликвидирањето на последиците од поплавите, се пренесува на интернет-страницата на руското МНР.

„Српскиот министер изрази искрена благодарност до раководството на Руската Федерација за укажаната помош во сферата на надминувањето на последиците од катастрофалните поплави во државата, вклучувајќи ја и испораката на хуманитарна помош, како и за спасувачките операции“, се кажува во пораката.

Освен тоа, за време на средбата била потврдена заедничката заинтересираност за развој на билатералната соработка во повеќе области. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња