Се одржа средба на екипажите на МВС и „Сојуз“

Екипажот на вселенскиот брод „Сојуз ТМА-13М“ после неколку часа од спојувањето со Меѓународната вселенска станица ги отвори вратите меѓу бродовите.

Екипажот на вселенскиот брод „Сојуз ТМА-13М“ после неколку часа од спојувањето со Меѓународната вселенска станица ги отвори вратите меѓу бродовите.

„Вратите беа отворени во 7:52 по московско време. Екипажот на „Сојуз“ премина на МВС“, потврдија за ИТАР-ТАСС претставници од московскиот Центар за управување со летовите.

Во вселенскиот брод „Сојуз ТМА-13М“ на станицата дојде екипажот од 40/41 експедиција во состав: Максим Сурев, Грегори Вајсмен и Александар Герст (Русија, САД, Германија). Тие беа пречекани од нивните колеги - Русите Александар Скворцов, Олег Артемјев и Американецот Стивен Свонсон.

Планирано е новиот екипаж да остане во орбитата 167 дена.

Освен тоа, планирано е да се извршат три вселенски прошетки, од кои две ќе ги исполнат Скворцов и Артемјев, а третиот - Сурев и Александар Самокутјаев, кој ќе дојде на МВС со следната експедиција. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња