Exxon Mobil не ги поддржува санкциите против Русија

Извршниот директор на американската нафтена компанија Exxon Mobil, Рекс Тилерсон, на состанокот на акционери објави дека политичката ситуација во Украина и воведувањето санкции против Русија поради истата - не влијаат на соработката помеѓу Роснефт и Exxon Mobil, пренесува Ројтерс.

Тилерсон забележа дека Exxon Mobil не ги поддржува санкциите против Русија и ова свое мислење го искажува на владата на САД, која воведе санкции против раководителот на Роснефт, Игор Сечин.

Самата компанија не се најде под санкции.

„Ние водиме преговори, и нашето мислење се слуша на високи нивоа“, изјави Тилерсон после завршувањето на годишниот состанок на компанијата. Според неговите зборови, санкциите на САД не извршиле суштествено влијание врз соработката на компанијата со Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња