Западни медиуми: сојузот меѓу Русија, Индија и Кина го загрозува мирот на планетата

„Антиамериканскиот сојуз“ меѓу Русија, Индија и Кина може да биде опасност за мирот на целата планета, се кажува во статија на The Times. Таквиот сојуз авторот на статијата го нарече RIC, според првите букви на имињата на државите „членки“.

„Тоа не е 'оска на злото', не е воен сојуз, тоа е нов клуб кој има за цел да ја уништи хегемонијата на САД“, се кажува во статијата.

Од своја страна, The New York Times изразува мислење дека претседателот на Русија, Владимир Путин, погрешно ја проценил ситуацијата во Украина. Како што смета авторот на статијата, рускиот лидер смета дека мирот се создава со помош на „сфери на влијание“, диктирани „одозгора надоле“, додека во случајот со Украина активистите на Мајдан беа организирани „одоздола нагоре“.

Освен тоа, авторот на статијата смета дека Путин погрешно го проценил украинскиот патриотизам, бидејќи многу граѓани на истокот на Украина кои зборуваат на руски не сакаат да се приклучат кон Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња