Самопрогласената Луганска народна република планира како правна основа да го земе законодавството на Русија, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на Валериј Болотов.
„Законите на Украина се неприфатливи за Луганската народна република. За достоен живот на луѓето, нам ни треба правна држава“, изјави Болотов.
Тој забележа дека за создавање на законски проекти, најсоодветно е руското законодавство. Како приоритет тој ги наведе „демонтирањето на олигарсите, искоренувањето на корупцијата, неучеството во воени блокови и двојазичност“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче