Претседателите на Русија, Белорусија и Казахстан на состанокот на Вишиот Евроазиски економски совет во четврток планираат да склучат договорот за Евроазиската економска унија (ЕЕУ), пренесува Интерфакс, повикувајќи се на изјава на помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков.
„Документот е практично подготвен за потпишување. Денес вицепремиерите на трите држави ќе се обидат да ги регулираат останатите пет проблеми околу текстот на договорот“, појасни тој.
Ушаков, исто така, додаде дека се знае седиштето на новите органи на идната унија. Седиштето ќе биде во Москва, судот во Минск, а финансискиот регулатор - во Алма Ата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче